logo
logo
logo

МЕСИ ПРЕСЕЧЕ: Еве каде големиот Аргентинец ја продолжува кариерата!

Vecer | 07.06.2023

МЕСИ ПРЕСЕЧЕ: Еве каде големиот Аргентинец ја продолжува кариерата!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во Интер од Мајами, објави во средата Би-би-си.

Би-би-си пренесува дека неодамнешниот играч на Пари Сен Жермен се одлучил за Интер од Мајами и ќе одбие попрофитабилна понуда од Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Тој сакаше да се врати во Барселона, каде што ја помина речиси целата своја играчка кариера, но ограничувањата на финансискиот фер-плеј го спречуваат во тоа.

Оваа информација на Твитер ја потврди познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо.

Во декември, како капитен, Меси ја предводеше Аргентина до титулата светски шампион.

За ПСЖ одигра 75 натпревари и постигна 32 гола, додека како играч на Барселона стана рекордер на клубот со 672 гола.

Аргентинецот е сопственик на куќа во Мајами, која моментално ја издава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk