logo
logo
logo

Меси можел да игра за друга репрезентација, Аргентина го повикала во последен час

Vecer | 18.02.2021

Меси можел да игра за друга репрезентација, Аргентина го повикала во последен час

Лионел Меси е легенда на светскиот фудбал. Роден во Аргентина, но од дете е во Шпанија и цел живот го помина во Барселона. Наскоро му завршува договорот со клубот од „Ноу Камп“ и веројатно ќе ја смени средината.

Меси играше за Аргентина во финалето на СП 2014 но не успеа да стигне до единствениот драгоцен трофеј што му недостасува во кариерата. Меѓутоа пред Аргентина Меси можел да игра за друга репрезентација.

Тоа го раскажува поранешниот аргентински селектор Хозе Пекерман.

Практично им го украдовме на Шпанците. Гледавме некои видео-снимки и прочитавме некои извештаи за момче од Росарио кое игра во Шпанија. Отидов во Леганес и го гледав на меч за младинскиот тим на Барселона. Тогаш постоше правило на ФИФА според кое играч кој играл за младинскиот тим на некоја држава потоа не може да ја промени државата за која ќе настапува. А знаевме дека ако не изреагираме, Шпанија ќе го повика. Кај нас доаѓаа јужноамериканските шампионати па правевме план како тој да заигра за младинската репрезентација на Аргентина. Моравме тоа да го направиме брзо затоа што дознавме дека Шпанците го спремаат за во нивниот тим. Олеснителна околност е што тој одлучи да игра за нас. Тој можеше да ја одбере Шпанија, но среќен сум поради неговата изјава: „Јас сум Аргентинец и сакам да играм за Аргентина. Тоа беше клучно. Тоа беше избор од срце“, вели Пекерман.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk