Снимката на која фудбалерот на Аргентина слави по победата над Мексико во второто коло од групната фаза на Мундијалот (2:0) предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Поради еден детаљ, кој многумина го пропуштија, најдобриот играч на Аргентина, Лионел Меси, доби отворени закани од познатиот мексикански боксер Саул Канел Алварез.
Canelo had some strong words for Messi after seeing his locker room celebration 👀
(via @canelo, nicolasotamendi30/IG) pic.twitter.com/emRRHK1nGO
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 28, 2022
Канело е бесен на Меси затоа што ја понижил неговата земја. Имено, Мексиканците го обвинија славниот ас дека намерно го згазнал дресот на Мексико и со него го бришел подот во соблекувалната.
По мечот Меси си размени дресови со мексикански фудбалер, а на видеото се гледа дека дресот на ривалот завршил под неговите нозе во соблекувалната. Мексиканците се револтирани бидејќи сметаат дека капитенот на „гаучосите“ намерно ја понижил нивната селекција.
Најгласен беше Канело кој упати отворена закана до Меси.
„Го видов Меси како го чисти подот со нашиот дрес и знаме. Нека му се моли на Бога да не го најдам“, напишал Канело на Твитер.
„Како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци, туку само за ова срање кое Меси го направи во соблекувалната“, додаде боксерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата