logo
logo
logo

Меси е „преболен“, Ал Хилал се сврте кон играч кого парите го интересираат!

Vecer | 09.06.2023

Меси е „преболен“, Ал Хилал се сврте кон играч кого парите го интересираат!

Лионел Меси ја одби понудата на Ал Хилал од Саудиска Арабија, која според одредени информации ја надминала цифрата од една и пол милијарда евра. Аргентинецот реши да замине во САД и да потпише за Интер Мајами. Ал Хилал се сврте кон други опции и наместо Меси, во клубот би можел да пристигне Нејмар.

Бразилецот е под договор со ПСЖ, но клубот не е премногу заинтересиран да го види во своите редови следната сезона, па се подготвени да го испратат на друго место.

Според француските медиуми, Ал Хилал наскоро ќе испрати официјална понуда на адреса на бразилскиот фудбалер. Се надеваат дека токму тој ќе ја прифати нивната понуда, која секако нема да биде мала.

Тоа нема да биде цифрата што му се нуди на Меси. Сепак, за очекување е дека ќе добие понуда слична на Карим Бензема и Кристијано Роналдо на кои Ал Итихад и Ал Наср им плаќаат околу 200 милиони евра по сезона.

Нејмар и понатаму е најскапиот фудбалер во светот. ПСЖ плати 222 милиони евра за неговата слобода од Барселона во 2017 година, но Бразилецот пропушти голем број натпревари поради повреди, иако играше доста добро кога беше на теренот.

Нејмар во претходните шест години одигра 173 натпревари во дресот на ПСЖ и постигна 118 голови и 77 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk