logo
logo
logo

Мешков Брест е првиот белоруски тим кој ќе игра 1/4 финале

Vecer | 08.04.2021

Мешков Брест е првиот белоруски тим кој ќе игра 1/4 финале

Мешков Брест обезбеди место во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако на реванш мечот во осминафиналето ја надокнати негативата од два гола и го совлада Мотор Запорожје со 30-23.

Со овој триумф, Мешков Брест испиша историја, постана првиот белоруски тим кој ќе игра во четвртфиналето во најелитното европски клупско натпреварување. За противник на патот кон фајнл-фор завршницата за противник ќе ја има Барселона.

Според завршените резултати, во четвртфиналето ќе имаме македонско дерби меѓу Лазаров и Манасков, и нивните Нант и Веспрем, Алборг – Фленсбург, Кил – ПСЖ (треба да го потврди триумфот против Целје).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk