Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе биде подложен на втора операција по повредата што ја заработи на натпреварот од Ла Лига против Еспањол.
Претходно беше објавено дека на Французинот му е дијагностицирана руптура на тетивата на десниот бут. Менди претходно претрпе слична повреда во април 2025 година, поради што беше надвор од терените седум месеци.
Според новинарот Мигел Анхел Дијаз, операцијата на Менди ќе ја изврши истиот хирург кој го оперираше Едер Милитао во април. Беше објавено дека доколку се изврши операција, Ферлан ќе отсуствува приближно пет месеци.