logo
logo
logo

Менаџерот на Шефилд денеска добива отказ

Vecer | 12.03.2021

Менаџерот на Шефилд денеска добива отказ

Според англиските медиуми тимот на Шефилд Јунајтед ќе остане без тренер. Крис Вајлдер денеска ќе добие отказ од страна на менаџментот на клубот.

Тој е еден од оние менаџери кои со златни букви ќе биде запишан во историјата на клубот, како тренерот кој го одвел тимот од третата лига, па се до највисок ранг на натпреварување, но во моментов клубот е закован за последната позиција на табелата со само 14. освоени бодови.

Сепак, според „Дејли меил“, причината за разрешувањето на Вајлдер е всушност конфликт со сопственикот Абдула бин Мусаад бин Абдулазиз ал Сауд. Сосптвеникот на клубот, има намера да постави спортски директор кој директно ќе одлучува за трансферите, а на тоа Крис Вајлдер не сака да се согласи. 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk