logo
logo
logo

Менаџерот на Хакими флертува со Баерн Минхен!

Vecer | 08.05.2021

Менаџерот на Хакими флертува со Баерн Минхен!

Во изминатите неколку денови наголемо се шпекулираше дека Ашраф Хакими, десниот офанзивен бек на Интер би можел ова лето да се пресели во Баерн Минхен. Се наведува дека Мароканецот, кој имаше фантастична сезона во редовите на новиот шампион на Италија, одлично би се вклопил во 3-5-2 формација на новиот тренер на “баварците“ Јулиан Нагелсман.

На Хакими не му е непозната Бундеслигата, имено пред Интер тој играше во Борусија Дортмунд и тоа како позајмен играч на Реал Мадрид.

“Не знам од каде тие гласини, но нема да биде изненадување ако Баерн Минхен навистина покаже интерес за Хакими. Тој навистина е среќен во Интер и не размислува за трансфер, но кој може да го одбие еден Баерн Минхен“ изјави менаџерот на Хакими, Алехандро Камано.

Инаку се шпекулира дека “баварците“ со 50 милиони евра би тргнале по офанзивниот бек на Интер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk