Претстојниот Мундијал кој што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико, по многу што е уникатен и изненадува. По државите каде што се одржува, по грандиозните стадиони кои што се претежно за Американски фудбал, по цените на билетите кои се екстремно скапи, и што ли уште не.
Еден од раритетните податоци поврзани со овој турнир е оној кој што вели дека школскиот систем во Мексико комплетно се затвора дури четириесет дена порано поради почетокот на Мундијалот.
Властите одличија дека тоа е најдобро за сите, и дека едноставно дел од обврските кои што се поврзани со школството може да бидат преместени или едноставно скратени во овој момент.
САД и Канада веројатно тоа нема да го направат, затоа што се тоа очигледно премногу напредни општества за да нормалното функционирање трпи поради еден фудбалски турнир. Па макар бил тоа и оној најголемиот на светот.