Во сообраќајна несреќа, денеска животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на Грција, 33-годишниот Мариос Eконому.
Трагедијата се случила додека возел мотоцикл и се судрил во автомобил. Брзата помош стигнала на местото на несреќата, но за жал не успеала да го реанимира.
Економу во кариерата имаше шест настапи за грчката фудбалска репрезентација.