logo
logo
logo

Мегваер за неверојатното промашување: „Затоа не сум напаѓач“

Vecer | 12.03.2021

Мегваер за неверојатното промашување: „Затоа не сум напаѓач“

Капитенот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер се уште не може да поверува на неверојатното промашување за време на мечот со Милан на првиот дуел од осминафиналето на Лига Европа. Англискиот репрезентативец се најде во идеална шанса за гол и по центаршутот место да ја спроведе топката во празниот гол, тој од нецели два метри ја погоди стативата.

На крајот мечот заврши 1:1 со тоа што Милан изедначи во последните секунди.

Требаше да погодам. Не можам да барам оправдување. Бев во идеална ситуација и требаше да ја пратам топката во голот. Место тоа ја погодив стативата. Затоа сум одбранбен фудбалер, а не напаѓач. Но и тоа не може да биде оправдување. Ситуацијата беше таква што мораше да погодам“, се „јадосува“ бекот на Јунајтед.

Епско промашување на Мегваер (видео)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk