logo
logo
logo

МЕГА – СКАНДАЛ: УЕФА судија уапсен за наводен сексуален напад врз малолетник!(ФОТО)

Vecer | 28.04.2026

МЕГА – СКАНДАЛ: УЕФА судија уапсен за наводен сексуален напад врз малолетник!(ФОТО)

ФОТО: UEFA.COM

Огромен скандал ја тресе УЕФА. Според информациите од британскиот таблоид „The Sun“, фудбалски судија кој минатата недела патувал во Англија е уапсен под обвинение за наводен сексуален напад врз малолетно момче.
Идентитетот на судијата засега останува тајна, но обвинувањата против него се исклучително сериозни. Се тврди дека го допрел малолетното момче без негова согласност и се обидел да го намами во неговата хотелска соба пред фудбалски натпревар.
Инцидентот веднаш бил пријавен кај надлежните органи, што довело до брза полициска реакција. Полицијата веднаш започнала истрага за случајот. Апсењето е извршено пред шокираните претставници на УЕФА, веднаш откако судијата се вратил од натпреварот за кој бил во Англија.
По сослушувањето, судијата бил ослободен со кауција. Сепак, постои реална можност тој да биде екстрадиран назад во Велика Британија доколку против него бидат покренати формални обвиненија. Неговата кариера е под знак прашалник
Овој скандал доаѓа во исклучително деликатно време, бидејќи дотичниот судија беше на списокот на кандидати за судење натпревари на Светското првенство ова лето. Сепак, ФИФА е категорична дека тој нема да се разгледува како опција сè додека не заврши истрагата против него.
Седиштето, исто така, издаде официјален став за случајот:
“Со голема загриженост ја следиме ситуацијата. Во меѓувреме, судијата нема да биде назначен за натпревари под покровителство на УЕФА“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk