logo
logo
logo

Јунајтед го победи Брентфорд и сега е на милиметри е до ЛШ!

Vecer | 27.04.2026

Јунајтед го победи Брентфорд и сега е на милиметри е до ЛШ!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/

Уф, каков меч одиграа вечерва Манчестер Јунајтед и Брентфорд на “Олд Трафорд“, кој на крајот заврши со победа на домашниот состав со 2:1. Ова е голема победа за тимот на Мајкл Карик и големи три бода, па така сега гигантот е на милиметри до пласман во ЛШ.

Меч каков што само Јунајтед може да одигра, секако мора да се пофалат и гостите кои и тоа како имаа свои шанси барем за бод.

Каземиро во 11.минута погоди за 1:0 за еуфорија на “Олд Трафорд“. Во самиот финиш на првиот дел, Бруно Фернандеш асистираше а Бењамин Шешко стрелаше за 2:0, и со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме Јунајтед не запре, бараше и трет гол, но и Бренфорд покажа квалитет со неколкуте шанси пред домашниот гол. Во 87.минута Јенсен со прекрасен гол намали на 2:1 и најави драма, и беше драма во последниот дел од овој меч, сепак на крајот домашните заслужено се радуваа на победата.

По ова 34.коло, Јунајтед има 61 бод и е трет, или 11 повеќе од шестиот Брајтон а остануваат уште 4 кола до крајот и затоа велиме дека тимот од “Олд Трафорд“ е на милиметри од ЛШ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk