logo
logo
logo

Мартино си замина од Интер Мајами, Бекам мора да бара нов тренер

Vecer | 19.11.2024

Мартино си замина од Интер Мајами, Бекам мора да бара нов тренер

Герардо Тата Мартино, наводно, го напуштил Интер Мајами откако не успеа да го освои МЛС Купот во првата целосна сезона со тимот во чии редови е и Лионел Меси.

Според некои вести вечерва, одлуката е на Мартино и тој навел лични причини за неговото заминување. Тоа значи дека Дејвид Бекам  сега мора да најде нов тренер кој ќе го обнови тимот за следната сезона, каде Меси и неговите соиграчи ќе се натпреваруваат и на Светското клупско првенство.

Мајами испадна од МЛС Купот претходно во ноември од Атланта Јунајтед, и покрај тоа што беше голем фаворит за освојување на трофејот.  Мајами оваа сезона ја освои Источната конференција со 74 поени од 34 натпревари, што е рекорд во лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk