logo
logo
logo

Мароко со “минималец“ против Танзанија за пласман во 1/4 финалето на КАН!

Vecer | 04.01.2026

Мароко со “минималец“ против Танзанија за пласман во 1/4 финалето на КАН!

ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Иако потешко од очекувањата, сепак Мароко успеа да се пласира во 1/4 финалето на КАН. Имено Мароко во меч од осминафиналето успеа да ја победи Танзанија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Брахим Диас во 64.минута, кој го постигна својот 12-ти гол во својот 19-ти настап за репрезентацијата.
Домашните претходно ја затресоа мрежата на противанците, се играше во 15-тата минута кога Саибари постигна гол со глава, но оправдано беше поништен поради офсајд.
Остатокот од полувремето помина во теренска иницијатива на избраниците на Валид Реграгуи, а истото продолжи и во вториот дел од играта, кој започна со непрецизен удар на Ел Каби, кој со глава ја проследи топката покрај голот.
На другата страна, Салум возврати кога шутираше над голот на Боно, а возврати Хакими, кој ја затресе пречката од слободен удар.
Тоа како да наговестуваше што ќе се случи во 64-тата минута, кога фудбалерот на Пари Сен Жермен се проби по десната страна и го ангажираше Брахим Диас кој шутираше дијагонално од десната страна и го „скрши“ Масаланга.
Остатокот од натпреварот се одвиваше во нешто помирен ритам, домаќинот ја задржа предноста без поголеми проблеми и оствари уште една победа кај КАН.
Во четвртфиналето, Мароко ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Јужна Африка и Камерун, тој натпревар е на програмата вечерва од 20:00 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk