logo
logo
logo

Мароко ќе го тужи Сенегал по повод финалето на Африканскиот куп

Vecer | 19.01.2026

Мароко ќе го тужи Сенегал по повод финалето на Африканскиот куп

Многу врева се крена во светката фудбалска јавност, по синоќешното финале во Африканскот куп во кое Сенегал со гол во судиското продолжение обезбеди триумф од 0:1 против Мароко, инаку домаќин на турнирот, и на тој начин го подигна пехарот по втор пат во својата историја.

Се би било во ред, ако не беше претходната драма која траеше скоро половина час, во која Мароко доби пенал длабоко во судиското продолжение од регуларниот дел по кое сенегалците го напуштија теренот, па по дваесетина минути се вратија и решија да продолжат. Брахим Дијаз ја промаши „паненката“ пенал која ја упати кон противничкиот гол, по што Сенегал потоа стигна до пехарот.

Сега, Мароко ден подоцна се свестува што се случи, и што пропушти, па ќе бара разрешница поинаку очигледно. Ќе го тужи Сенегал за напуштањето на теренот. Ова официјално го потврдија од Фудбалскиот сојуз на Мароко.

„Кралската мароканска фудбалска федерација објавува дека, во согласност со законските процедури на Конфедерацијата на африкански фудбал и Меѓународната фудбалска федерација, ќе поднесе жалба во врска со повлекувањето на сенегалската репрезентација од финалниот натпревар против мароканската репрезентација, како и придружните настани што се случија по објавувањето на важечкиот пенал од страна на судијата со едногласна согласност на одговорните лица, што имаше сериозно влијание врз нормалниот тек на натпреварот и моралот на играчите.“ 

Од друга страна, Кралската мароканска фудбалска федерација изразува искрена благодарност до сите марокански навивачи кои останаа лојални на националниот тим со своето масовно присуство и примерна поддршка за време на сите натпревари на националниот тим и други состаноци. 

Федерацијата, исто така, им се заблагодарува на сите што придонесоа за успехот на ова континентално првенство.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk