Енцо Мареска и дефинитивно не е веќе тренер на Челзи. Она што се најавуваше и се оствари. Некогашниот двоен европски првак му врачи отказ на Италијанецот. Инаку, барем според медиумите на Островот, Мареска добил отказ не поради слабите резултати во последно време туку поради фактот дека водел преговори со Манчестер Сити за преземање на “Граѓаните“ ако Пеп Гвардиола си оди.
Луѓето од Челзи овој потег на Мареска го оцениле како големо предавство.
Попладнево доаѓаат шокантни информации од Англија. Имено прв пик за нов тренер на “Сините“ е Лиам Росениор (41), Англичанец кој сефа е стратег на Страбур. Ова секако дека нема премногу да им се допадне на фановите на Челзи ако се знае дека Росениор сепак не е големо тренерско име.
Се споменуваат и Цеск Фабрегас (Комо), Оливер Гласнер (Кристал Палас), Чави Ернандез.