logo
logo
logo

Маратонот на Касемиро - 12 меча по ред за 56 дена

Vecer | 16.02.2021

Маратонот на Касемиро - 12 меча по ред за 56 дена

Бразилскиот халф на Реал Мадрид Касемиро одиграл 12 натпревари по ред за 56 дена, пишува „Марка“ во материјал посветен на 28-годишниот дефанзивен играч за врска, кој реализира пет гола во сите натпреварувања оваа сезона. Касемиро нема реална конкуренција на „Сантијаго Бернабеу“ по заминувањето на Маркос Љоренте во 2019 година и не пропуштил ниту еден меч на „кралевите“ од 20 декември, потсетува шпанскиот весник.

Касемиро ги одиграл последните 10 натпревари за Реал во Ла Лига, како и натпреварите од Суперкупот на Шпанија и Купот на кралот. Подетално Касемиро има 1100 минути во таа серија од 12 натпревари по ред, но тоа не е ништо ново за него, тој меѓу 17 август и 11 декември 2020 година одиграл 21 натпревар по ред, а бил заменет само на натпреварите против Леванте и Галатасарај.

Инаку тренерот Зинедин Зидан сезонава единствено не можеше да смета на Бразилецот во ноември кога тој фудбалерот имаше позитивен тест на коронавирус. Всушност поранешниот играч на Порто имал само една повреда во последните четири сезони. Тоа се случи во ноември 2018 година поради која отсуствуваше 37 дена.

Во сезоната 2019/20 Бразилецот одигра 46 натпревари од вкупно 51.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk