logo
logo
logo

Мане и Алкантара го оставаат Ливерпул во трка за ТОП 4 (ВИДЕО)

Vecer | 08.05.2021

Мане и Алкантара го оставаат Ливерпул во трка за ТОП 4 (ВИДЕО)

Ливерпул ја прекина серијата од два меча без победа во Премиер лигата откако вечерва на домашен терен со 2:0 го совладаа Саутемптон. „Црвените“ одиграа солиден меч, креираа неколку шанси за гол, а искористија само две.

По почетниот притисок, Мане во 31. минута го погоди голот на Форстер за водство од 1:0, по што до крајот на полувремето свои моменти и шанси имаа и гостите, но само поради одличниот Алисон бекер не успеаја да израмнат.

Во вториот дел и двата тима имаа по неколку убави прилики за гол, но дури во 90. минута Тиаго Алкантара успеа да го погоди голот на гостите за конечни 2:0. Ливерпул со оваа победа стигна до 57 бода за 6. место на табелата, но и реални шанси до крајот на сезоната да го нападнат 4. место кое води во ЛШ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk