logo
logo
logo

Манчестер Сити подготвува мега трансфер, тргна по еден од најскапите во светот

Vecer | 19.04.2024

Манчестер Сити подготвува мега трансфер, тргна по еден од најскапите во светот

Манчестер Сити тргна по ѕвездата на Баерн, Џамал ​​Мусиала (21), тврди „The Guardian“. Угледните англиски медиуми ја објавија оваа вест откако Реал Мадрид во четврт-финалето од Лигата на шампионите го исфрли тимот на Пеп Гвардиола, кој нема да може да ја одбрани титулата европски првак од минатата година.

Гвардиола сака дополнителни опции во напаѓачката средина, а главна цел е еден од најголемите таленти во светот. Пред да игра сениорски фудбал, Мусиала играше за германскиот СГ Барокштад Фулда-Ленерц, а потоа и за Саутемптон и Челзи во Англија. Баерн го врати во Германија во 2019 година и оттогаш е член на баварскиот клуб.

Во првиот тим дојде во 2020 година и досега има собрано 161 официјален настап, 43 гола, 30 асистенции и десет клупски трофеи. Иако е роден во Штутгарт, има германско и англиско државјанство. Избра да игра за Германија, во чиј дрес досега одигра 27 натпревари и постигна два гола.

Трансфермаркт, веб-страницата која се занимава со проценка на вредноста на фудбалерите, наведува дека Мусиала вреди 110 милиони евра, што го прави еден од најскапите во светот.

Тој има важечки договор до летото 2026 година. „Гардијан“ пренесува дека клубот од Минхен може да бара огромна сума за својот играч од средниот ред и тоа би можело да ги исклучи заинтересираните клубови, вклучувајќи го и Челзи.

Да потсетиме, најскап играч на Манчестер Сити е Џек Грилиш, офанзивец кој во 2021 година пристигна од Астон Вила за 117,5 милиони евра. Богатите арапски сопственици на Сити веројатно би морале да го соборат тој рекорд за Мусиала.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk