logo
logo
logo

Манчестер Јунајтед против Виљареал во финалето на Лига Европа (видео)

Vecer | 06.05.2021

Манчестер Јунајтед против Виљареал во финалето на Лига Европа (видео)

Виљареал издржа на „Емирати“ и се пласираше во своето прво финале во Европа, а воедно спречи сеанглиско финале и во ЛШ и во ЛЕ. Вечерва, Виљареал допатува во Лондон со предност од 2:1 од првиот меч, а имаше тешка задача против ѕвездите на Арсенал. Сепак, на општо изненадување одиграа добро имаа дури и повеќе шутеви во рамките на голот од домаќинот. А мора да се каже дека „жолтата подморница“ имаше и среќа, затоа што Обамејанг двапати ја погоди стативата. Резултатот на крајот 0:0, што значеше и пласман на Виљареал во големото финале.

Нивен противник ќе биде Манчестер Јунајтед кој и покрај поразот вечерва во Рим (3:2) се пласираше во финалето благодарение на онаа сензационална победа од 6:2 на „Олд Трафорд“. Вечерва пет гола паднаа на „Олимпико“. Јунајтед поведе во првото полувреме со голот на Кавани, а римјаните направија пресврт со головите на Џеко и Кристанте во период од три минути. На 2:2 изедначи Кавани со својот втор гол на мечот, но во 83 минута полскиот играч за врска  Никола Залевски го постигна дебитантскиот погодок за Рома за водство од 3:2 и за победа која беше само за перење на срамот од првиот дуел.

Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 26 мај на стадионот „Миејски“ во Гдањск, Полска.

ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ РОМА-МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 3:2


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk