logo
logo
logo

Манчестер Јунајтед купува австралиски клуб!?

Vecer | 13.04.2021

Манчестер Јунајтед купува австралиски клуб!?

Според информациите на австралиското издание „Сандеј морнинг хералд“, англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед е во напредна фаза во преговорите за купување на лиценцата на фудбалскиот клуб Централ Коуст Маринерс кој игра во тамошната А-лига.

Сепак, зделката е далеку од завршена и да дозволи клубот да биде под капата на Манчестер Јунајтед ќе мора да добие согласност од мнозинството на клубот во А-лигата. Исто така „Црвените ѓаволи“, доколку ја откупат лиценцата, планираат да го ребрендираат клубот и да го преселат во северното предградие на Сиднеј.

Централ Коуст е од Госфорд околу 80 километри од Сиднеј. Централ Коус е двоен шампион на Австралија (2008 и 2012).

Во моментов Манчестер Сити има франшиза во Австралија и тоа е Мелбурн Сити кој исто така игра во А-лигата. „Граѓаните“ ја купија лиценцата на Мелбурн Најт и го преименуваа клубот во Мелбурн Сити и притоа му го сменија логото.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk