logo
logo
logo

Манчестер Ј. мораше да ги смени транспарентите за да почне да победува и дома

Vecer | 15.04.2021

Манчестер Ј. мораше да ги смени транспарентите за да почне да победува и дома

Манчестер јунајтед на 23 натпревари е без пораз на гости во Премиер лигата (втор најдобар резултат во историјата), но на домашен терен работите не им одат „подмачкано“. На „Олд Трафорд“, тимот загуби четири првенствени дуели, а менаџерот Солскјер на прес-конференција, посочи една можна причина за слабата форма на домашен терен – големите банери поставени на празните трибини на стадионот?!

„Ќе видите промена на стадионот. Транспарентите на трибините повеќе не се црвени. Ова е тешко да се наведе како причина за полошата домашна форма, но некои од фудбалерите го наведоа тоа како проблем. Кога треба да донесете одлука во дел од секундата, а кога ќе погледнете низ очите на вашиот соиграч, ќе видите црвен дрес на црвена позадина со црвени седишта. Се обидовме да го смениме тоа со антирасистичката кампања. Сега транспарентите не се црвени“, вели менаџерот на „ѓаволите“.

По замената на банерите, Јунајтед одигра само еден натпревар на домашен терен, совладувајќи го Брајтон со 2-1. За денешниот дуел со Гранада во ЛЕ, Јунајтед исто така на трибините има транспаренти во црна боја, но пораките се исти. Останува да се види дали и овој пат тие ќе бидат фактор за добар настап и победа на својот стадион.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk