Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа против Ливерпул на својот стадион со 3:2, во големото дерби од 35-тото коло од Премиер лигата. Видовме одличен меч, по едно полувреме за двата тима и донекаде малку среќна победа за домашните.
Јунајтед одигра перфектно прво полувреме во кое водеше со 2:0, со головите на Куња и Шешко, но „црвените“ магично се вратија на почетокот од второто полувреме кога со головите на Собослај и Гакпо дојдоа до 2:2. Во притисокот кој следуваше, Ливерпул можеше и до трет гол, но откако не успеаја да направат целосен пресврт, домашните благодарение на еден прецизен удар од далечина на Коби Мејно се вратија во предност и го добија мечот со 3:2.
Јунајтед сега е „бетониран“ на третото место на табелата со 64 бода и сигурно место во Лигата на шампионите, а Ливерпул е четврти со 58 бода.