По ремито со Милан во минатото коло, Јувентус и вечерва не успеа да го освои целиот плен на мечот со Верона во 35. коло од Серија А. Пред своите навивачи, момците на Спалети одиграа само 1:1 и се уште го оставаат своето место во Лигата на шампионите практично да „виси“ во последните три кола од тековната сезона.
Верона подобро го почна натпреварот и дојде во водство со голот на Боуви во 34. минута (0:1). Гостите со предност заминаа на пауза, а во вториот дел се соочија со голем притисок на домашните. Целата игра беше префрлена пред голот на Верона, а гол за израмнување стигна во 62. минута кога Влаховиќ погоди за 1:1.
До крајот Јуве продолжи со притисокот, но Верона одлично се бранеше и не му дозволи на домаќинот да направи комплетен пресврт. Јуве останува на 4. место на табелата со 65 бода, три повеќе од Комо. Верона и натаму е претпоследна со само 20 бода.