logo
logo
logo

Манасков: Да го поправиме впечатокот, македонската јавност да види дека оваа генерација вреди

Vecer | 10.03.2021

Манасков: Да го поправиме впечатокот, македонската јавност да види дека оваа генерација вреди

Дејан Манасков не беше дел од македонската репрезентација на СП 2021 година, ниту пак на последниот квалификациски дуел против Швајцарија за ЕП 2022 година.

Ракометарот на Веспрем пред утрешната пресметка со актуелниот светски првак, Данска, смета дека треба да се игра до крај без разлика кој е на другата страна на теренот. Најважно на двомечот со Данците, но и во продолжение на квалификациите е да се поправи сликата од Мундијалот во Египет.

„На секој меч треба да се надеваме на победа. Никогаш не треба да се предадеме предвреме. Знаеме против кого играме и нема што многу да се зборува за Данска. Мораме да одиграме максимално мотивирано, а ако ни се укаже минимална шанса да ја искористиме. Секако дека тие се фаворити и ќе биде многу тешко. Најважно во моментов е да ја поправиме сликата од Светското првенство, да се остави позитивен впечаток и македонската јавност да види дека оваа генерација вреди и во иднина може да постигне подобри резултати“, вели Манасков.

Дуелот меѓу Македонија и Данска се игра утре со почеток во 20 часот, и двете репрезентации се непоразени во квалификациите за ЕП 2022 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk