logo
logo
logo

Македонското АБА 2 дерби ќе се одигра на 3 март

Vecer | 26.02.2021

Македонското АБА 2 дерби ќе се одигра на 3 март

Раководството на АБА 2 лигата ги утврди и датумите на одигрување на натпреварите од третиот „балон“ за оваа натпреварувачка сезона, кој од 1 до 7 март ќе се одржи во Сараево.

Она што е интересно за македонската кошаркарска јавност, е дуелот меѓу нашите два претставници во ова натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, кој според утврдениот план ќе се одигра на 3 март. Интересно, мечот ќе почне во 11 часот.

Тоа ќе биде натпревар од 8. коло од регионалното натпреварување. Во 9. коло, на 5 март, екипата од Аеродром ќе игра со црногорски Ловќен 1947 (од 12 часот), додека пак Работнички го чека дуелот со уште еден претставник од Црна Гора, екипата на Сутјеска од Никшиќ (средбата стартува во 16 часот).

Седумдневното гостување во главниот град на БиХ, нашите две екипи ќе го завршат на 7 март.

Од 12 часот, Работнички ќе игра против Широки, додека пак два часа подоцна, од 16 часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Младост од Земун.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk