logo
logo
logo

Македонските фанови од утре можат да купат билети за ЕП 2022

Vecer | 06.05.2021

Македонските фанови од утре можат да купат билети за ЕП 2022

Уште едно големо натпреварување е пред македонската ракометна репрезентација. Кирил Лазаров и момците денеска ги дознаа противниците за ЕП 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Нашите ракометари се најдоа во групата А заедно со Словенија, Црна Гора и Данска, мечевите ќе се играат во Дебрецин. Вториот по големина унгарски град ќе биде базата на македонските фанови, сите се надеваат дека до 13. јануари следната година пандемијата коронавирус нема да „беснее“, а Арените ќе бидат исполнети со навивачи.

Сите оние кои сакаат од лице место да ги бодрат нашите репрезентативци веќе од утре ќе можат да купат билети. На официјалната страница на ЕХФ е потврдено дека за Дебрецин ќе можат да се купат и пакет карти за сите три меча. Салата „Феникс“ има капацитет од 8.000 места.

Дополнителни информации за билетите можете да најдете на овој  ЛИНК. 

Последните најави од Унгарија кога станува збор за влез во оваа земја во време на пандемија коронавирус беа дека Владата ги признава сите вакцини.

Македонија на 13. јануари следната година ќе ги одмери со силите во првиот меч од ЕП, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, додека на 17. јануари ќе играме против Данска. Само првите две репрезентации од секоја група одат во следната рунда.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk