logo
logo
logo

Македонија со убедлив пораз од Данска се збогува од ЕП (ФОТО)

Vecer | 17.01.2022

Македонија со убедлив пораз од Данска се збогува од ЕП (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација со пораз се збогува од Европското првенство. Очекувано, фаворитот за златниот медал, Данска беше подобар, славеше со 21-31 и не смести на последното место во групата А, ова е најслаб скор за Македонија на континенталните натпреварувања.

И оваа средба имавме проблем со составот, во 12. минута останавме без Филип Лазаров, кој не се врати на теренот до крајот.

За разлика од дуелот со Црна Гора, овој пат избраниците на Кирил Лазаров имаа одличен вовед на мечот. Три одбрани на Митревски и едно промашување на Данска, Македонија со головите на Костески, Талески, Пешевски и Кузмановски поведе со 4-0 во шестата минута. Хансен кој беше на клупата влезе да го изведе првиот седмерец, промаши.

Името кое ја разбуди Данска беше, Киркелеке со неговите пет погодоци, противникот дојде до првото водство на мечот, во 16. минута беше 5-6. Овој момент беше доволен за да данските ракометари продолжат со доминацијата.

Немавме решение за брзата транзиција, во 24. минута беше 9-13. Со два гола во низа (еден на Митревски, негова нова одбрана), дојдовме на 11-13. Хансен го совлада од втора Митревски од седум метри за 11-14. Кузманоски промаши седмерец, Македонија на одмор заминува со негатива од четири гола (11-15).

Тешко беше да се вратиш против име како што е Данска, која веднаш дојде на плус пет (12-17). Како одминуваше мечот, така стануваше јасно дека ова ќе биде победа за избраниците на Николај Јакобсен, кои поведоа и со 15-22, а потоа и со 16-23. До крајот беше само чиста формалност, негативата отиде на над десет.

Во листата на стрелци се запиша Марко Митев, за него ова беше прво учество на големите натпреварувања. Пешевски со шест гола од исто толку обиди беше прв стрелец, зад него беше Талески со три гола од десет обиди. Кузманоски имаше два гола исто толку и Мишевски. Митревски имаше шест одбрани, Томовски една.

Македонија се пакува веднаш по мечот, со чартер лет заминува за Скопје.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk