logo
logo
logo

„Македонија не е голем тим, ако играме како против Данска ќе победиме“

Vecer | 01.05.2021

„Македонија не е голем тим, ако играме како против Данска ќе победиме“

Швајцарија во Скопје доаѓа со една цел – да ги освои бодовите и да го фати последниот воз за ЕП 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и во Словачка. За нашата репрезентација овој меч нема резултатско значење, Кирил Лазаров и неговите соиграчи печат на европската виза ставија во Финска.

Ракометарите на Швајцарија во минатото коло одиграа одличен меч против ослабената Данска, но за жал не успеаја да дојдат ниту до бод. Иако беа поразени, сепак добрата игра им влева надеж дека од Скопје ќе си заминат со целиот плен, велат дека уште добра партија како против Данска ќе биде доволна за прва радост против Македонија во меѓусебните пресметки.

„Македонија не е преголем тим. Ние покажавме за што сме способни. Ако секој од нас даде се од себе, одигра со срце на терен, тогаш ќе ги победиме“, изјави Лукас Мајстер.

Слично размислува и најдобриот ракометар на оваа репрезентација, Енди Шмид.

„Ако одиграме исто како против Данска, тогаш ќе победиме. Сепак ова ќе биде поинаков меч“, рече Шмид.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk