logo
logo
logo

Македонија ја доби организацијата на Ф4 турнирот од Сребрената лига

Vecer | 26.02.2021

Македонија ја доби организацијата на Ф4 турнирот од Сребрената лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од Сребрената европска лига ова лето.

На денешната седница на Бордот на ЦЕВ, беше прифатена апликацијата на Одбојкарската федерација на Македонија за организација на завршниот турнир, а исто така, ЦЕВ целосно ги прифати сугестиите на челниците на ОФМ и го ревидираше календарот во Европската сребрена лига 2021.

Наместо на крајот на јуни, завршниот турнир ќе биде одржан викендот на 5 и на 6 јуни, а претходно, од 21-23 и од 28-30 мај се закажани двата турнира во групната фаза. Македонската репрезентација ќе игра со Данска, со Израел и со Кипар, а покрај нас, во групата „А“, турнир ќе организираат и Данците. Хрватска, Австрија, Унгарија и Луксембург ќе ги одмерат силите во групата „Б“.

Македонија сега ќе има шанса на домашен терен да игра за првото злато во Европската лига откако досега освои три сребрени медали во 2015, 2016 и 2017.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk