logo
logo
logo

Мајами го доби Бостон на гости и зачекори кон директно место во плеј-офот (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

Мајами го доби Бостон на гости и зачекори кон директно место во плеј-офот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами ја добија директната битка со Бостон за 6. Место на Истокот откако вечерва во првиот меч од продолжението на сезоната во НБА лигата, славеа на гости во ТД Гарден со 130:124.

Хит обезбедија многу значајна победа во борбата за директно весто во плеј-офот на  Источна конференција. Вечерва, Мајами поведе со 26 поени предност на полувреме (79:53) и некако се надѕираше победата. Сепак, „Келтите“ се вратија во игра во второто полувреме и се приближија на гостите од Флорида, но се чини и недоволно за да спасат пораз.

Џими Батлер и Тајлер Хиро се вратија во тимот на Мајами. Батлер беше најдобар стрелец кај гостите со 26 поени, Данкан Робинсон додаде 22.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0fNnEneSX5U[/embed]

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk