logo
logo
logo

Лука Дончиќ НА 22 ГОДИНИ МЕЃУ 100 НАЈБОГАТИ СЛОВЕНЦИ

Vecer | 25.11.2021

Лука Дончиќ НА 22 ГОДИНИ МЕЃУ 100 НАЈБОГАТИ СЛОВЕНЦИ

Стоте најбогати Словенци заедно имаат имот вреден 7,1 милијарди евра.  Тоа е рекордна сума и за речиси четвртина или 1,3 милијарди евра поголема од 2020 година.

На врвот на ранг-листата на словенечките богаташи нема промени, Само и Иза Шија Логин се уште го држат првото место пред второпласираниот пар Санди Чешко и Ливија Доланц, пишува денеска деловниот весник Фајнанс.

Растот на богатството на 100-те најбогати Словенци, најголем од 2008 година, е резултат на подоброто котирање на нивните компании на берзите, што е основа за проценка на нивната нето вредност, но и добриот бизнис, раздолжувањето, зајакнувањето на финансиските браници и во некои случаи, успешни аквизиции наведува весникот.

Почетната сума на богатство на листата на 100-те најдобри исто така се зголеми од минатогодишните 20,9 милиони евра на 27,7 милиони евра, додека повеќе од четвртина од луѓето кои се најдоа на листата минатата година отпаднаа од листата.

10 нови луѓе влегоа во клубот на најбогатите, а 17 повторно се вратија.

На врвот на листата се Иза Сија и Само Логин, поранешни сопственици на апликацијата Outfit7 и поранешни сопружници кои продолжиле да работат заедно, поради што се третираат како еден ентитет. Вредноста на нивниот имот се проценува на 689 милиони евра.

Санди Чешко и Ливија Доланц се на втората позиција со проценето богатство од 355 милиони евра, а најголем дел од нивниот имот е приходот од 55% удел во малопродажното омни-канално Студио Модерна.

Семејството Шешок, сопственици на електронската групација Искра, проби во водечката тројка од најбогатите, забележувајќи го најголемиот скок на листата, зголемувајќи го своето богатство од минатогодишните 150 милиони евра на 270 милиони евра.

Од „Финанс“ посочуваат дека брачната двојка Весна и Дари Јужна, сопственици на холдинг компанијата „Перспектива“ влегле во топ 10 богаташи со раст од 73 отсто до 202 милиони евра, најмногу благодарение на раздолжувањето и растот на пазарната вредност на енергијата. компанијата Петрол.

Најинтересен дебитант на листата е кошаркарот Лука Дончиќ, со богатство проценето на 29,4 милиони евра, откако оваа НБА ѕвезда потпиша петгодишен договор со Далас Маверикс од 207 милиони долари, пренесува СТА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk