logo
logo
logo

Лудо: Навивач платил 160,000 евра за фудбалер да игра во решавачки меч

Vecer | 22.02.2021

Лудо: Навивач платил 160,000 евра за фудбалер да игра во решавачки меч

Навивач на бразилскиот Интернационал платил 160,000 евра, за да го види на теренот одбранбениот фудбалер Родинеј против Фламенго на меч од првенството на Бразил, пишуваат локалните медиуми. Во јануари 2020 година Родинеј премина од Фламенго во Интернационал но како позајмен фудбалер со клаузула дека играчот може да игра против неговиот поранешен клуб за 160,000 евра.

А тоа го направил еден навивач на клубот од Порто Алегре, но тоа не му помогна на Интернационал, кој го загуби решавачкиот меч за титулата од Фламенго со 1:2. Уште повеќе Родинеј доби црвен картон во 49-тата минута и го остави својот тим со играч помалку целото второ полувреме, а по неговото излегување од теренот Фламенго стигна до победничкиот гол.

Со оваа победа Фламенго го измести Интернационал од врвот на табелата – 71 бод наспроти 69 пред одигрувањето на последното коло.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk