logo
logo
logo

Лудило на ЕУРО – речиси 400.000 луѓе барале преигрување на 1/4 финален меч!

Vecer | 08.07.2024

Лудило на ЕУРО –  речиси 400.000 луѓе барале преигрување на 1/4 финален меч!

За неполни три дена речиси 400.000 потписници бараат од УЕФА да го отстрани англискиот судија од судискиот список, а по негова грешка да се повтори натпреварот од четврт-финалето на ЕП.

За само неколку часа во понеделникот, повеќе од 80.000 луѓе ја потпишаа петицијата, а следната цел е 500.000.

Тие се лути на Тејлор и неговите избраници бидејќи на „панцерите“ не им беше досуден пенал во судиското продолжение, по очигледното играње со рака на Марко Кукуреља во сопствениот шеснаесетник.
Ова се случи само неколку минути пред Микел Мерино да го постигне победничкиот гол за „црвената фурија“ (2:1).

Германците се убедени дека ова требало да биде пенал. Јасно е дека оваа петиција нема да резултира со никаква акција на УЕФА, бидејќи Шпанија во вторник од 21 часот ќе се соочи со Франција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk