logo
logo
logo

„Лудило“ на „Џузепе Меаца“: На дуелот меѓу Интер и Јуве паднаа осум голови (ВИДЕО)

Vecer | 27.10.2024

„Лудило“ на „Џузепе Меаца“: На дуелот меѓу Интер и Јуве паднаа осум голови (ВИДЕО)

Големото дерби во рамките на деветото коло во Серија А помеѓу Интер и Јувентус не можеше да помине подобро, донесе неверојатен фудбал, премногу возбудувања и пресврти. Љубителите на фудбалот видоа осум гола, а пет од нив „паднаа“ во првото полувреме. Пропуштените шанси на Интер кој можеше лесно да го реши овој дуел, ги казни Кенан Јилдиз кој донесе реми 4:4.

По ова реми, Интер има 18 бодови на втората позиција на табелата, што е четири помалку од лидерот Наполи. Јуве има 17 бодови на третото место и е пред групата тимови со по 16 бодови и тоа Аталанта, Лацио и Удинезе.

Домаќинот поведе со голот на Зиелински во 15-та минута, но на другата страна „Старата Дама“ благодарение на Влаховиќ (20’) и Веа (27’) поведе со 1-2. По ова следеа два нови погодоци, овој пат за водство на Интер. Михтарјан израмни на 2-2 во 35-та минута, додека две минути подоцна Зиелински од пенал го врати водството 3-2.

Головите не изостанаа ниту во вториот дел Дaмфрис зголеми на 4-2 во 53-та минута. И кога сите помислија дека ова е победа за Интер на сцена настапи Јилдиз, со два гола, прво 71-та минута, а потоа во 82-та минута израмни на 4-4. Ова беше конечниот резултат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk