logo
logo
logo

Луди 368 денови на „Бамби“: Од деби во Бундес до рекордер на Германија на ЕП

Vecer | 24.06.2021

Луди 368 денови на „Бамби“: Од деби во Бундес до рекордер на Германија на ЕП

Фото: UEFA EURO 2020

Каква година за младиот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусиала. Новиот германски фудбалски бисер заигра за Германија на мечот со Унгарија (влезе во 82 минута) и со тоа стана најмладиот германски фудбалер што заиграл на европско првенство.

Да кажеме дека се работи за момче кои пред 368 денови дебитираше во професионалниот фудбал. Ханси Флик го стави во игра на мечот со Фрајбург во Бундес лигата на 20 јуни 2020 година, три дена подоцна триумф во Лигата на шампионите, на 18 септември го постигнува дебитантскиот гол за Баерн во победата над Шалке (со 17 години и 205 денови).

На 5 март 2021 година потпиша професионален договор со Баерн до 2026 година за годишна плата од околу пет милиони евра. На 25 март дебитираше за сениорската германска репрезентација против Исланд, на 23 јуни Мусиала, кој го носи прекарот „Бамби“ (прекарот му го дадоа соиграчите на Баерн), настапи на меч од ЕП со што стана рекордер, најмладиот германски фудбалер на теренот на едно натпреварување (Европско или Светско првенство) со 18 години и 117 денови.

Германија во осминафиналето ќе игра против Англија на „Вембли“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk