logo
logo
logo

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Вернер го турка Челзи кон финалето на ЛШ (ВИДЕО)

Vecer | 05.05.2021

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Вернер го турка Челзи кон финалето на ЛШ (ВИДЕО)

Челзи направи чекор кон финалето во ЛШ, откако по првите 45. минути на возвратниот полуфинален дуел со Реал води со 1:0.

Челзи погоди преку Тимо Вернер уште во 18. минута, но голот на Германецот беше поништен поради офсајд. Реал имаше извонредна шанса преку Бензема во 26. минута, но шутот на Французинот од свртување, Менди успеа фантастично да го одбрани и да не дозволи гостинска предност.

Само две минути подоцна, Хаверц биеше во гредата, топката се одби до Вернер кој со глава само ја спушти во празната мрежа за водство на „сините“ од 1:0.

По овој гол Бензема имаше уште една шанса. Биеше со глава, но Менди повторно го одбрани неговиот удар.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk