logo
logo
logo

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Барса води на „Паркот на принцовите“, Атлетико ја „торпедира“ Борусија (Д) (ВИДЕО)

Vecer | 10.04.2024

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Барса води на „Паркот на принцовите“, Атлетико ја „торпедира“ Борусија (Д) (ВИДЕО)

Барселона обезбеди предност од 0:1 по првото полувреме на гостувањето во Париз против ПСЖ во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Гостите кои одиграа одлично прво полувреме искористија само една од неколкуте зрели шанси за гол, додека ПСЖ освен јаловата инцијатива пред гостинскиот шеснаесетник не успеа да направи ниту една конкретна шанса за гол. Голот за водство на Барселона беше дело на Рафиња во 37. минута. (ВИДЕО)

Атлетико во мадрид во првиот дел веќе има 2:0 против Борусија (Д). По една голема грешка на гостите во 5. минута Родриго де Пол погоди за 1:0 (ВИДЕО),додека во 32. минута Лино по асистенција на Гризман веќе зголеми на 2:0 (ВИДЕО). Гостите преку Санчо имаа добра шанса во финишот, но не успеаја да намалат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk