logo
logo
logo

ЛШ ПОЛУФИНАЛЕ: Шеиците ја почнуваат битката за европската круна

Vecer | 28.04.2021

ЛШ ПОЛУФИНАЛЕ: Шеиците ја почнуваат битката за европската круна

Соништата за единствена круна во Лигата на шампионите ќе бидат изгаснати за еден од двата големи фаворити во најсилното европско клупско натпреварување по нивниот двомеч во полуфиналната рунда. Парижани до полуфиналето дојдоа со одличниот меч на гости кај европскиот шампион Баерн Минхен и се пласираше во завршницата на турнирот, додека Ман Сити обезбеди вкупна победа од 4-2 над Борусија Дортмунд за да стави крај на „проклетството“ од постојана елиминација во четвртфиналето на ова натпреварување.

И двата тима во денешниот прв полуфинален меч влегуваат по успешните домашни настапи од викендот зад нас. Сити ја освои круната во Лига Купот на Англија победувајќи го во финалето Тотенхем, додека ПСЖ ја продолжи победничката нзиа во Лига 1 со тиумфот над Мец од 3:1.

Напаѓачката моќ на ПСЖ е очигледна во последните неколку недели, бидејќи избраниците на Покетино постигнаа најмалку три гола на седум од последните девет натпревари во сите натпреварувања. Успех во двомечот против Сити за ПСЖ ќе значи место меѓу деветте тимови во историјата кои стигнале до финалето во две последователни сезони.

Покетино викендов беше принуден да го повлече Мбапе од теренот против Мец поради повреда, но за 22-годишниот голгетер на парижани повреда не е сериозна и тој ќе очекува да се најде во составот за денешниот меч. Кејлор Навас и Марко Верати исто така направија навремено враќање од повредите и двајцата треба да бидат во стартните 11 за Покетино.

Кај ПСЖ постои оптимизам дека и Маркињос и Абду Диало можат навреме да се опорават, па дури и да заиграат на овој прв полуфинален дуел. Во Манчестер Сити практично и да нема проблеми со повреди и суспензии. Џон Стоунс ќе се врати во тимот откако беше под суспензија во Лига Купот на Англија, и најверојатно ќе му биде партнер на Рубен Диаз во одбраната. Родри треба да го замени ветеранот Фернандињо во средниот ред. Агуеро веројатно нема да се врати на теренот во стартниот тим, а на клупата ќе почне и Габриел Жезус.

Можни стартни тимови:

ПСЖ: Навас; Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Диало; Гуеје, Паредес; Ди Марија, Верати, Нејмар; Мбапе

Манчестер Сити: Едерсон; Вокер, Дијас, Стоунс, Кансело; Родри, Гундоан, Де Бруин; Марез, Силва, Фоден

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk