На нешто повеќе од еден час до стартот на големото финале во Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Арсенал, познати се и стартните состави. Луис Енрике и Микел Артета ги објавија своите состави со кои ќе се обидат да дојдат до пехарот во ЛШ.
Ова се стартните состави:
ПСЖ: Сафонов, Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш, Витиња, Жоао Невес, Фабијан Руиз, Дуе, Дембеле и Кварацкелија.
АРСЕНАЛ: Раја, Москера, Салиба, Габриел, Хинкапија, Рајс, Одегард, Луис-Скели, Сака, Хаверц и Тросард
Натпреварот почнува во 18 часот а се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.