logo
logo
logo

ЛН:Шпанија ја растури Србија, Хрватска одигра 3:3 во Варшава, повреда на Левандовски, дебакл на Бугарите!

Vecer | 15.10.2024

ЛН:Шпанија ја растури Србија, Хрватска одигра 3:3 во Варшава, повреда на Левандовски, дебакл на Бугарите!

Вечерва се одиграа последните мечеви од 4.коло во Лигата на Нации. Европскиот првак, тимот на Шпанија со 3:0 успеа да ја декласира Србија во меч кој се одигра во Кордоба. Треба веднаш да се каже дека во стартниот состав на “фуријата“ немаше ниту еден играч на Реал, Барса и Атлетико Мадрид. Ова веројатно никогаш досега не се случило во историјата на оваа репрезентација.

Стерелци за Шпанците беа Лапорт во 5.минута, потоа Мората во 65.минута откако претходно не релаизираше пенал, за да во 77. Баена ги постави конечните 3:0.

Полска – Хрватска во Варшава 3:3. Зјелински рано донесе водство, за да Хрватите во 26.минута имаа 1:3. Соса, Сучиќ и Батурина беа стрелците, сепак и ова не беше доволно за победа на “коцкестите“ зошто Полска преку Залевски и Шимански се спаси од пораз. Лошо за Барса е тоа што во 62.минута поради повреда мораше да излезе Роберт Левандовски.

Швајцарија и Данска одиграа 2:2.

Португалија со Роналдо одигра само 0:0 на гости кај Шкотска.

Во Ц Лигата на Нации, Косово со 3:1 го победи Кипар, додека Бугарија беше убедливо поразена од С. Ирска со 5:0. Каков дебакл за Бугарите. Романија на гости со 1:2 славеше кај Литванија, а Белорусија и Луксембург одиграа 1:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk