logo
logo
logo

Ливерпул е во преговори со спортскиот директор на Монако

Vecer | 22.03.2023

Ливерпул е во преговори со спортскиот директор на Монако

Тимот на Ливерпул е во преговори со спортскиот директор на Монако, Пол Мичел, со надеж дека англичанецот да ја преземе истата позиција на „Енфилд“. Мичел има многу сериозна репутација во европскиот фудбал. Работеше во Саутемптон, Тотенхем и РБ Лајпциг пред да се пресели во Монте Карло. Тој планира да го напушти Кнежевството по завршувањето на сезоната во потрага по уште попрестижна работа.

Ливерпул бара некој да ја пополни важната позиција откако Џулијан Вард во ноември објави дека ќе си замине на лето, откако ја презеде функцијата само неколку месеци претходно, на местото на Мајкл Едвардс. Вард најверојатно ќе започне со работа во Ајакс од 1 јули.

Според извештаите во Франција, Ливерпул и Мичел веќе се во преговори меѓу себе. Многу е важно клубот од „Енфилд“ да има силна фигура за оваа позиција што е можно порано, бидејќи клубот се подготвува за голема реконструкција на лето и работата за трансфери ќе биде многу одговорна.

Со Мичел се поврзуваа и Челзи и Манчестер Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk