logo
logo
logo

Лил, ПСЖ или Монако? Кој до титулата во Франција? Ова се сценаријата...

Vecer | 18.05.2021

Лил, ПСЖ или Монако? Кој до титулата во Франција? Ова се сценаријата...

Неочекуван финиш во француската Лига 1 затоа што пред последното коло три екипи имаат шанси да се закитат со трофејот. Кој ќе биде посреќен ќе видиме во недела кога ќе се одигра 38.коло во најсилното француско првенство. Лил е прв со 80 поени, ПСЖ е втор со 79, а Монако има 77. Ова се сите сценарија:

ЛИЛ ЌЕ СТАНЕ ШАМПИОН НА ФРАНЦИЈА АКО:
-го победи Анже во недела
-одигра реми со Анже, а ПСЖ не победи во Брест
-изгуби од Анже, а ПСЖ изгуби од Брест и Монако не го совлада Ленс или ако го совлада Ленс но со недоволно гол-разлика (во моментов +40 за Лил, +34 за Монако)

ПСЖ ЌЕ СТАНЕ ШАМПИОН НА ФРАНЦИЈА АКО:
-ако победи во Брест и Лил не го победи Анже
-ако одигра реми во Брест, а Лил изгуби од Анже и Монако не го совлада Ленс

МОНАКО ЌЕ СТАНЕ ШАМПИОН НА ФРАНЦИЈА АКО:
-Го совлада Ленс, а Лил изгуби во Анже и ПСЖ изгуби во Брест. Реми на ПСЖ не му одговара затоа што парижаните имаат подобра гол-разлика.

ПСЖ е бранител на титулата, Лил последен пат ја освои во сезоната 2010/11, а Монако во 2016/17.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk