logo
logo
logo

Лил го преслуша и Ленс, сега има +4 пред ПСЖ!

Vecer | 07.05.2021

Лил го преслуша и Ленс, сега има +4 пред ПСЖ!

 

Лил продолжува со одличните игри и резултати во францсуската Лига 1. Вечерва во меч од 36.коло, лидерот на табелата како гостин славеше кај Ленс со 3:0 и освои екстра значајни три бода во битката за титулата. Победа на Лил ја донесоа Јилмас уште во 4.минута со гол од пенал, истиот играч погоди во 40.минута за 2:0 за Лил. Треба да се каже дека од 35.минута гостие имаа играч повеќе по исклучувањето на домашниот фудбалер Мишелин, со што им се олесни патот до победата.

Така и беше, во вториот дел со гол Давид во 60.минута дојде до конечни 3:0.

Со оваа победа Лил е пол-позиција пред ПСЖ во битката за титулата. Имено на две кола до крајот лидерот сега има 4 бодови предност пред парижаните, кои имаат и меч повеќе за играње.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk