logo
logo
logo

Лига Европа прво квалификациско коло: Партизан оди на Кипар, Приштина против Шериф

Vecer | 17.06.2025

Лига Европа прво квалификациско коло: Партизан оди на Кипар, Приштина против Шериф

Денес е денот кога во Нион, Швајцарија фудбалска Европа ги дознава своите први противници за квалификациите во европските купови. Ждрепката за квалификациите од Лигата на Шампионите мина прва, а следуваше онаа за квалификациите за Лигата на Европа.

Во неа, Македонија немаше претставник. А од друга страна пак, тимот на Партизан да речеме заминува на Кипар, каде што ќе стартува против тимот на АЕК Ларнака.

Тимот на Приштина пак, оди на силен дуел во Молдавија против тимот на Шериф Тираспол.

Конечно, Екипата на Левски исто така ќе има тешка задача против израелскиот тим на Хапоел Бер Шева.

Прв шешир:

Шахтјор Доњецк (Украина) – Илвес Тампере (Финска)

Шериф Тираспол (Молдавија) ​​- Приштина (Косово)

Спартак Трнава (Словачка) – Хакен (Шведска)

Саба (Азербејџан) – Целје (Словенија)

Втор шешир:

Легија Варшава (Полска) – Актобе (Казахстан)

Левски – Хапоел Бер Шева (Израел)

АЕК Ларнака (Кипар) – Партизан (Србија)

Пакси (Унгарија) – ЦФР Клуж (Романија)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk