logo
logo
logo

Левандовски „жонглираше“ кај претседателот на Полска (ВИДЕО)

Vecer | 23.03.2021

Левандовски „жонглираше“ кај претседателот на Полска (ВИДЕО)

Роберт Левандовски во моментов е еден од најдобрите фудбалери во светот. Како таков е своевиден амбасадор на својата земја Полска, која ја препознаваат по него ширум светот.

Левандовски беше почестен со прием кај претседателот на Полска, Андрзеј Дуда на кој му беа врачени почесни награди.

Претседателот Дуда му се заблагодари на се што тој како спортист прави за Полска, а на тоа Левандовски додаде дека фудбалот е тимски спорт, и дека без своите тимски колеги но и семејството не би постигнал ништо.

На крајот, Левандовски во свој манир, зема фудбалска топка и покажа дел од своите вештини среде претседателскиот кабинет.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk