logo
logo
logo

Лео Меси со потврда: Готово е, ќе играм за Интер Мајами!

Vecer | 07.06.2023

Лео Меси со потврда: Готово е, ќе играм за Интер Мајами!

И дефинитивно. Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер во историјата, вечерва за Спорт.ес и официјално потврди дека својата кариера ќе ја продолжи во САД , во МЛС и тоа во Интер Мајами.

Готово е, се знае мојата одлука. А таа е дека ќе играм за Интер Мајами“ потврди Меси…

Ја напуштам Европа. Имав понуда од друг клуб од Европа, но јас можев и сакав да играм само за Барселона. Откако оваа опција се виде е неможна одлучив својата кариера да ја продолжам во Мајами. Интенција е да го заживееме фудбалот во САД и уживаме во него“ рече покрај другото Лео Меси со што и дефинитивно заврши сагата околу тоа каде тој ќе игра во иднина фудбал.

Инаку тој по даденото интервју веднаш си замина од Париз, а неговиот татко и менаџер, Хорхе Меси отпатува или требаше да отпатува за да ги дефинира сите детали околу договорот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk