logo
logo
logo

Легендата врати легенда: Миркуловски се враќа во националниот дрес

Vecer | 19.02.2021

Легендата врати легенда: Миркуловски се враќа во националниот дрес

Само Кирил Лазаров може да направи невозможното да стане возможно. Нашиот најдобар ракометар, кој во иднина ќе биде и селектор на македонската репрезентација го стори она што до вчера беше мисловна именка.

Во поширокиот список на Лазаров од 35. имиња се најде и Филип Миркуловски. Ракометарот на Вецлар ќе има двојна улога во тимот, како играч и како тренер.

Миркуловски одамна се откажа од репрезентативните настапи, но се чини не може да го одбие повикот на Лазаров.

Легендата врати легенда. Заедно двајцата со Ангеловски, Јоноски и Црвенкоска ќе се обидат да испишат нова историја.

Прв предизвик е двомечот со Данска во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2022 година. Македонија има две победи, а до крајот на циклусот остануваат уште четири меча, два против актуелниот светски првак и по еден против Финска на гости и Швајцарија дома.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk