logo
logo
logo

Легендарниот Ди Натале стана тренер на италијански клуб

Vecer | 12.04.2021

Легендарниот Ди Натале стана тренер на италијански клуб

Поранешниот италијански напаѓач, еден од најдобрите голгетери во Серија А Антонио ди Натале официјално почнува тренерска кариера. Велиме официјално затоа што досега работеше со У17 тимот на Специја. Сега Ди Натале е именуван за прв тренер на екипата на Караресе која се натпреварува во италијанската Серија Ц и која неодамна го отпушти тренерот Силвио Балдини. Караресе се наоѓа на 15. место на табелата, а челниците веруваат дека Ди Натале може да ги помести работите на подобро.

Инаку некогашниот напаѓач тргна на тренерски курс во септември и допрва треба да добие лиценца, но ќе му биде дозволено да работи со екипата.

Ди Натале во текот на кариерата играше за Емполи и Удинезе и се наоѓа на шестото место на вечната листа на стрелци во Серија А со 209 голови.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk